Симфониите на Бетовен во Филхармонија

На 31 јануари во Македонската филхармонија ќе се одржи симфонискиот концертот „Бесмртност“ , посветен на творештвото на Лудвиг ван Бетовен.

Диригент на концертот е Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи пијанистката Нина Костова-Јаневска. Учествуваат и хорот „Драган Шуплевски“ од Факултет за музичка уметност, како и професионален хор „Про арс“ и солистите Јаворка Витанова, Мартина Нанеска, Бојана Јованова, Јане Дунимаглоски, Шинаси Рамадан и Мартин Блажевски.

На програмата ќе бидат делата „Увертира за именден оп. 115“, „Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80“ и „Симфонијата бр. 2 во D-dur“.