СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Потресот стигна и до Македонија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер ноќеска околу 1,44 часот по бугарско време е почувствуван во Пловдив, Асеновград и Софија јавуваат бугарските медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив на длабочина од 10 километри.

Некои граѓани кои се поблиску до епицентарот во Асеновград и околината пријавуваат дека доживеале интензивно и долготрајно тресење, а други почувствувале само силен удар. Засега не е пријавено дека имало материјална штета.

Според податоците на евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, овој земјотрес ја потресол северна Грција, а се почувствувал и во делови од Македонија.