Силен земјотрес ноќеска ја стресе Македонија

Силен земјотрес со магнитуда од 4.1 степен ноќеска три минути пред три часот ја стресе Македонија.

Според мерењата на Европската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ) јачината на земјотресот изнесува 4.1 степен.

Епицентарот на земјотресот е 12 километри од Ресен, односно 8 километри од селото Косел. Засега нема информации за материјални штети.