Што ве чека во првата година од бракот

Откако заврши веселбата и се вративте „во нормала“ по свадбата, следуваат прашањата од пријателите за тоа како е во брак. Не е сјајно? Не грижете се, првата година има свои недостатоци за кои веројатно никој никогаш не ви зборувал.  

Папирологија

Го сменивте презимето или на своето го додадовте од сопругот. Како и да е, морате да ги смените личните документи, што вклучува мноштво администрација и папирологија. Имајте го предвид и законски рок во кој треба да ги смените документите.

Препирки

Само затоа што потпишавте „во добро и во зло до крајот на животот“ не значи дека несогласувањата како со магија ќе исчезнат. Разликата е единствено во тоа што додека бевте во врска можевте да го напуштите „военото поле“ кога ќе посакавте. Но сега мора да најдете компромис и поинакви решенија.

Чувствувате помалку грижа на совест за тоа што ги трошите неговите пари

Можеби ви ја довери својата картичка или ви даде полномошно додека бевте во врска или додека бевте свршени. Но тогаш сепак не бевте толку опуштени и можеби сте го купувале само она што ви е најпотребно и што ви користи на двајцата. Но со влегувањето во брак и делењето заеднички живот, неговата картичка полесно ќе ја употребите на фризер или на педикир. Тоа е затоа што знаете дека сега делите сè, па и парите.

Навикнување

Веројатно уште некое време ќе се навикнувате на тоа што повеќе немате момче или свршеник туку маж. Секојпат кога ќе кажете „мојот маж“ самите на себе ќе си звучите чудно. Но не грижете се, тоа е нормална појава и со време и двајцата ќе се навикнете дека сте маж и жена.

Нема да ги користите сите работи што ги добивте на свадба

Повеќето подароци во главно ќе собираат прашина. Зошто? Затоа што, на пример, соковникот што го добивте ќе ви зазема половина кујна, а не го користите често. Тоа што сте се омажиле не значи дека автоматски ќе станете одлична домаќинка.