Што сработеа екипите на ЈП „Улици и патишта" во изминатиов период

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека екипите на ЈП „Улици и патишта", во изминатиов период санираа ударни дупки и работеа на реконструкција на оштетувања на коловоз на скопските улици, поставена беше вертикална и обележана хоризонтална сигнализација, пополнети оштетувањата на асфалтот на мостот Гоце Делчев со фугобит маса, реконструирани рабници и тротоари како и заштитни столбчиња на пешачките зони долж улицата Даме Груев.

Обележана е хоризонтална сигнализација и поставена нова вертикална сигнализација на кружна крстосница на ул.Христо Татарчев и бул.Србија. Саниран е каналот Нерези, Козле, долж улицата Френклин Рузвелт поставена е нова светлосна сообраќајна сигнализација. Екипите рачно го чистеа и коритото на реката Вардар, на потегот од поранешен Скопски Саем, па се до Хотелот Александар Палас и тоа од двете страни на реката, но направија и контрола и обиколка на хоризонталната и вертикална сигнализација.

ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.