Што се случува во нашето тело кога немаме доволно витамин Д?

Витаминот Д е познат и како витамин на сонцето, а тој игра огромна улога во одржување на добро здравје. Ако поминувате долго време затворени особено за време на моменталната ситуација поврзана со коронавирусот, тогаш голема е можноста да имате недостаток од овој витамин.

Витаминот Д претставува и хормон и витамин. Тоа е така бидејќи се лачи во нашето тело кога доаѓа до контакт со сонце,  а претставува витамин бидејќи можеме да го добиеме од различни видови храна, па и суплементи. На возрасните луѓе им се потребни околу 15-20 мцг од овој витамин, а недостатокот од него може да предизвика многу проблеми во нашето тело.

Имунолошки систем

Витаминот Д има одлична улога во зачувување на нашиот имунолошки систем. Тој придонесува за спречување на многу заболувања и инфекции.

Коски

Често се вели дека витаминот Д е одличен додаток за калциумот. Многу производители на млеко произведуваат млеко со овој витамин, поради тоа. Одличен е за апсорпција на калциумот во нашето тело, па затоа оваа комбинација може да ја спречи остеоперозата и други состојби кои се поврзани со здравјето на коските.

Мускули

Линкот меѓу витаминот Д и коските е јасен, но многу истражувања потврдуваат дека недостатокот од овој витамин предизвикува и проблеми со мускулите, во вид на слабост и болки, но и намалување на мускулната маса.

Кожа

Недостатокот од витамин Д придонесува и за проблеми со кожата. Ако имате проблеми со акните, тогаш проверката на овој хормон е првото нешто што треба да го направите.