Што се случува со машкиот полов орган по 30-тата година

И не е некоја тајна дека како што стареете се менува и вашиот пенис. Функцијата, изгледот, големината, сето тоа на што годините влијаат најмногу.

ФУНКЦИЈА

Кога станува збор за функцијата, нивото на тестостеронот паѓа за 0,3 отсто годишно. Ниското ниво на тестостерон влијае врз сексуалниот апетит како и на самата функција на пенисот. Иако на мажите колку што се постари им е потребна поголема стимулација за да постигнат ерекција, интензитетот на оргазмот не се намалува.

ИЗГЛЕД

Голем број на жени, всушност, изјавиле дека им се допаѓа „постариот“ пенис токму поради неговиот изглед. Тој станува поблед од што бил, а ова е последица на слаба циркулација, а срамните влакна полека се ретчат, поради опаѓањето на нивото на тестостерон.

ГОЛЕМИНА

Иако можеби визуелно станува поубав, по 30–тата година, пенисот постепено почнува да се намалува. Промените секако не се видливи веднаш, но по неколку години стануваат очигледни. Во почетокот должината на пенисот во ерекција е 15 сантиметри, додека подоцна во просек се намалува и до 3 сантиметри. Со намалување на пенисот доаѓа и намалување на тестисите. Тестисите на триесетгодишник  во просек имаат пречник од околу три сантиметри, а во шеесеттите тој се намалува на околу два.

Тоа што е особено важно е дека по триесеттата мора да ја намалите мастурбацијата, бидејќи тоа може да ви одмогне кога ќе ви се придружи партнерката.