Што сакаат жените: 10 тајни кои секој сопруг и љубовник треба да ги знае

Прво да расчистиме една работа: жените не се најкомплицираните суштества на светот.

Секако дека имаат свои желби и барања, но само доколку обрнеме малку повеќе внимание на тоа што ви го кажуваат ќе можете многу полесно да ги сфатите.

А, секако тука сме и ние да ви помогнеме во откривањето на нивните тајни желби.

Тајна желба #1 - Фокус или присуство

Бидете целосно присутни. Дозволете токму тој момент, токму тогаш, да биде единственото нешто кое се случува во целата вселена. Иако тоа ќе трае само за момент, чувствата кои тој момент ќе ги разбуди ќе траат многу долго потоа.

Тајна желба #2  - Забележување или обрнување внимание

Кога ќе забележите дека нешто им се допаѓа жените се чувствуваат забележано и среќно бидејќи водите сметка за нивните желби. Новата фризура, колку убаво изгледа во новите панталони, или тагата на нејзиното лице кое покажува колку и е потребна прегратка, сето тоа се мали знаци кои ќе направат таа да се чувствува горда, среќна и благодарна што ве избрала токму Вас.

Тајна желба #3 - Покажување благодарност

Кога на жената ќе и ставите до знаење дека сте благодарен што помеѓу сите мажи на светов ве избрала вас, нејзиното срце започнува да чука посилно. Кога ќе и кажете дека ви е мило што легнувате со неа и се будите со неа или сте горди на тоа како се грижи за домот и децата, ја правите најсреќната жена на светот.

Тајна желба #4 - Доверба

Никогаш не ги потценувајте жените! Кога ви кажуваат дека сакаат да преземат контрола навистина го мислат тоа. Кога ви оставаат вие да направите избор, прифатете го тоа како знак на целосна доверба која ја очекуваат и од вас.

Тајна желба #5 - Ранливост

Тоа што ќе ја покажете вашата ранливост пред жената која ви значи во никој случај нема да го смени нејзиното мислење за вас. Покажувањето ранливост само ќе нарави таа да се грижи уште повеќе за вас, прифаќајќи го покажувањето ранливост како совршен знак на доверба.

Тајна желба #6 - Искреност и транспарентност

Ако вие сте подготвени на искреност, бидете сигурни дека тоа ќе го добиете и за возврат. Во моментот кога ќе ја добиете нејзината целосна доверба таа ќе ви се препушти без било какви ограничувања, како во животот така и во креветот.

Тајна желба #7 - Соочување со стравови

Стравовите се составен дел од животот и се појавуваат кога најмалку ги очекувате. Независно дали се работи за стравовите со кои се соочувате вие или таа, она што таа го очекува од вас е да не се предадете и да се борите заедно.

Тајна желба #8 - Научете да ги читате знаците кои таа ви ги дава

Независно дали тоа е во креветот или надвор од него, обратете внимание на сите невербални знаци кои ги добивате од неа и внимавајте на начинот на кој одговарате. Не постои правилник за однесување во животот, па затоа треба да научите да ја читате а потоа одговорите ќе си дојдат сосема природно.

Тајна желба #9 - Споделување на одговорности

Во сексот тоа се однесува на безбеден секс и водење сметка за заедничко задоволство. Во секојдневниот живот тоа значи заедничка грижа за децата, заедничко донесување одлуки, заедничко одржување на куќата. Споделувањето на одговорностите понекогаш значи преземање на контрола над ситуацијата, или дозволување таа да го направи тоа.

Тајна желба #10 - Одржувајте ја љубовта и вложувајте во неа

Дури и во моментите кога сте лути и надвор од себе сетете се дека целата таа лутина всушност се темелни на фактот колку многу ја сакате. Истото важи и за неа, во моментите кога е исплашена, повредена или уморна таа сè уште стои пред вас и не оди никаде бидејќи длабоко во себе нејзината поврзаност со вас е многу посилна од стравот и нервозата. 

new nike air max 2019