Што празнуваат скопјани, Валентин или Трифун, вино или љубов?

Мислењата околу денешните празници, едниот на љубовта, католички, а другиот, ден на лозарите, кога се празнува нивниот заштитник, чудотворецот Свети Трифун се поделени.

Во една од најслатките продавници во Скопје се’ е во знакот на Свети Валентин, а за овој убав празник имаат и специјална понуда, чоколади со бадеми или брусница во форма на големо срце. Продавачката ни откри дека во овие денови е зголемаена продажбата, а најмногу се купуваат чоколадните срценца, вели за женски се купуваат црвени, а за момчиња во златна и сребрена боја.

Покрај чоколади, заљубените купуваат и мали украси во форма на срце. Од продавниците за подароци дознаваме дека оваа година хит се шолјите со посвета и слатки декорации. Од таму ни велат дека најчесто подароци купуваат помладите од 14 до 18 години, додека постарите се одлучуваат за букет рози или скапо вино.

Скопјани поделени околу празниците, некои ги пратат западните трендови и денеска ја слават љубовта, а други, ја други ја продолжуваат македонската традиција и вечерва ќе уживаат во квалитетно македонско вино.

Уживајте во празниците, и не заборавјте најубаво е да ја славите љубовта со чаша вино и букет рози.