За време на транзитот на Венера во Овен, љубовта ќе биде силна и исполнета со многу страст. Се бара акција, одлучност и енергија.
Венера ја заврши својата пловидба во Риби на 7 февруари, а полека навлегува во Овен и ќе остане таму до 5 март. Се будиме од сон, ги отвораме очите и тргнуваме во акција. Сите работи ќе се одвиваат брзо, нагло и на прв поглед.
Но, треба да знаете дека што ќе почне нагло и брзо, најверојатно и така ќе заврши. Ќе бидете понесени од страста, привлечноста, брзо ќе кажувате да, но можно е брзо да сфатите дека не е сè така бајковито. Ќе ве привлекуваат самоуверени личности, со силен став, независни и самостојни. Многу работи ќе се случуваат спонтано, а ќе играте и со отворени карти. Оваа Венера е амазонка која се бори за љубов.
Во постоечките односи, можно е да се појави борба за моќ и доминација. Љубомората нема да се толерира, а можеби ќе и замерите на саканата личност бидејќи се грижи само за своите интереси.