Што му правите на вашето тело кога не пиете доволно вода?

Кога сте жедни, тоа значи дека веќе сте благо дехидрирани, односно дека е крајно време да испиете чаша студена вода.

Во спротивно, телото ви се менува на лош и опасен начин.

Што му правите на телото кога не пиете доволно вода?

1. Си го уништувате здравјето

Повеќето компликации во цревата, односно создавањето на камчиња во бубрег, рак на цревата и системот за мокрење, како и помал број на срцеви удари настануваат токму заради дехидратација.

2. Го забавувате метаболизмот

Колку повеќе течности имате во организмот - толку побрзо ви работи метаболизмот и толку побрзо ќе согорувате калории, со што ќе слабеете. Едноставно е.

3. Ја нарушувате концентрацијата

Мозокот на тинејџерите кои не пијат доволно вода буквално се стеснува и намалува, а кога решаваат задачи или проблеми од било кој тип, имаат потреба да користат поголем дел од мозокот.

4. Повеќе јадете

Луѓето кои пред ручекот ќе испијат 2 чаши вода, јадат 70% до 90% помалку калории.

5. Ги размножувате брчките

Доволната хидратација ја обновува кожата, ги пегла веќе настанатите брчки и дава здрав тен. Во спротивно, стареењето се забрзува.

6. Лошо сте расположени

Испитаниците кои не пиеле вода пред вежбањето се чувствуваат многу позаморни, но и пораздразливи, лути, напнати или тажни. Исто е и во било кој дел од денот.