Што ќе се случува неделава во Скопје?

Понеделник 24.4.2017

МНТ 

20.00/Животот е прекрасен

Николај Ердман
Адаптација и режија: Александар Морфов

Семјон Семјонович Подсекаљников – Никола Ристановски
Марија Лукјанова – Николина Кујача
Серафима Илинична – Звездана Ангеловска/Биљана Драгичевиќ– Пројковска
Александар Петрович Калабушкин – Сашко Коцев
Маргарита Ивановна – Тања Кочовска
Аристарх Доминикович Гранд- Скубик – Емил Рубен
Виктор Абрамович – Гораст Цветковски 
Сергеј Александрович – Славиша Кајевски
Григориј Пугачов – Никола Ацески
Алексеј Стаканов – Александар Ѓорѓиески
Аљоша Стаканов – Александар Михајловски
Клеопатра Максимовна – Арна Шијак
Раиса Филиповна – Тина Трпкоска
Отец Елпидиј – Александар Микиќ
Федја Петунин Глувонемиот – Никола Стефанов
Костја – Александар Михајловски
Снимателот – Кире Ѓоревски
Груња – Марија Новак
Зинка – Драгана Левенска
Иларион – Никола Кимовски
Тaња – Марија Димитрова
Ања – Анастазиа Христовска
Бабата – Анастазиа Христовска
Оркестар „Раскрши Се“
Ѓорѓи Димитров, Ѓорѓина Поповска, Стефан Манасиевиќ, Стефан Карастојанов и Никола Кимовски.

Вторник 25.4.2017

Public Room

12.00/Станица: Студентска 5.0

Со задоволство ве покануваме на петтото издание на Станица: Студентска 5.0, настан посветен на промоција на работата на студентските и младинските организации во Македонија.

Станица:Студентска 5.0 ќе се одржи на 25-ти април (вторник), од 12:00 до 18:00 часот, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ во организација на Младински образовен форум, со поддршка од програмата Цивика Мобилитас.

Настанот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, студенти и останати посетители кои сакаат да посетат предавања кои ретко имаат можност да ги следат на факултетите, да се информираат и зачленат во организации отворени за нив, да учестуваат во работилници и да разменат искуства.

Детални информации на линкот погоре.

Среда 26.4.2017

МНТ 

20.00/Животот на Молиер

Автор: Михаил Булгаков
Режисер: Александар Поповски

Улоги:
Никола Ристановски – Жан-Батист Поклен де Молиер, познат драматург и автор
Сашка Димитровска – Медлен Бежар, актерка на де Молиер
Емил Рубен – Шарл-Вадле де Лагранж, актер со прекар „Регистар“, Отецот Вертоломеј, скитник – проповедник
Драгана Костадиновска – Луј Велики, кралот на Франција
Оливер Митковски – Жан Жан Бутон, згаснувач на свеќи и слуга на Молиер
Марија Новак – Мариета Ривал, актерка на Молиер
Нина Деан Гачиќ – Аманда Бежар, актерка на де Молиер
Игор Ангелов – Маркизот де Шарон, кариналот на град Париз
Дениз Абдула – Захарија Моарон, познат актер – љубовник
Никола Ацески – Маркизот де Орсињи, дуелант со прекар „Еднооки, помоли се!“

*Цената на билетот е 300 денари и слободен ден за средношколците.

МОБ

20.00/Гала концерт – 70 години Македонска опера и балет

Настапуваат:
Борис Трајанов
Ана Дурловски
Весна Ѓиновска Илкова
Ѓорги Цуцковски
Славица Петровска Галиќ
Марјан Јовановски
Ристе Велков
Сандра Митровска
Владимир Саздовски
Дарко Нешовски
Ирена Кавкалевска
Ивана Здравкова
Ирена Крстевска
Злата Тошевска
Никола Стојчевски

Диригенти: Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ

Хорот и Оркестарот на МОБ

Режисер: Дејан Прошев

Театар за деца и младинци

20.00/Нашиот клас

Режија:
Владимир Милчин

Играат:
Драган Довлев
Владимир Лазовски
Предраг Павловски
Бојан Кирковски
Ненад Митевски
Мики Анчевски
Мартин Јорданоски
Наташа Петровиќ
Симона Спировска
Емра Куртишова

Станица 26

20.00/Queen Real Tribute

Најголемиот Queen Real Tribute проект ќе одржи повеќе часовен концерт во клубот Станица 26 на 26.04.2017 со почеток во 20:00 часот. Бенд кој свири концерти низ половина свет (само во Бразил одржаа повеќе од 70 концерти), и бенд кој работи на сите поголеми фестивали и Queen конвенции. Queen Real Tribute се препознатливи по прекрасната костимографија (костимите се најблизу до оргиналната костимографија на Queen), гитаристот свири на иста гитара како што свиреше Brian May, се со цел да биде најблизу до звукот на оргиналните Queen, интересно е што вокалистот ја има скоро истата боја на вокалот како големиот Freddie Mercury.

Online Tickets:
http://mktickets.mk/nastan/queen-real-tribute-stanica-26/

Продолжува на наердната страна..........

Четврток 27.4.2017

Public Room

17.00/Tasting Ideas #4 – Spring Edition

Заедничко пролетно будење. Да ги разбудиме вашите бизнис идеи. Да ја дефинираме заедно вашата идеа и да ви помогнеме како најлесно би почнале со реализација.
Ве покануваме заедно да меземе и неформално ќе муабетиме што би сакале да промениме во општеството со нашите идеи.
Идеите можете да ги споделите со другите кои сакаат да ја слушнат и да ви помогнат со насока, сугестија, уште некоја идеја! Нашата целна вредност е дека храброста да се има идеја е уште поголема кога ќе премине на следното ниво – реализација.

Македонска Филхармонија

20.00/Гласот на славејот

Диригент: Даниел Рајскин (Русија)
Солист: Милена Арсовска – сопран
Програма:
Н. Крстевски: „Хипнагогија во Тулијанум“ *
O. Golijov: Три песни за сопран и оркестар *
А. Glazunov: Симфонија бр. 5 оп. 55 во b-moll „Херојска“

МОБ

20.00/Дон Кихот – Лудвиг Минкус (Балет)

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Асс. кореограф: Тања Вујисиќ Тодоровска
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Концерт мајстор: Јане Бакевски

Настапуваат:
Китри: Мими Поп Алексова – Атанасовска
Базил: Бобан Ковачевски
Балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ

Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ 02/3118451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, и онлајн на www.mob.mk и www.karti.com.mk

Станица 26

21.30/Twelve Moons of Jazz

На 11-от Twelve Moons Of Jazz ни гостува саксoфонистот Ivan Ivanov, припадник на младата генерација на џез артисти, кој своето музичко образование го стекнува надвор од земјата. Композициите напишани од Иванов покажуваат своја автентичност и структурна комплексност што е веќе докажана на неговиот прв албум „Wild Flower“ издаден од Skopje Jazz Festival Records. Во новиот проект станува збор за fusion jazz односно комбинација на динамична џез хармонија со импровизирани funk и други елементи од различни музчки правци.

Иван Иванов ќе биде придружуван од Стефан Миладинов, Гордан Спасовски, Blagoja Antovski и Трајко Симоновски.

По полноќ квалитетно раздвижување со џез сет на DJ Бојан Чакра.

Го забележуваме претпоследното издание на Twelve Moons Of Jazz во најавата на блискиот крај и разделба.

Влез: 150 денари

Петок 28.4.2017

Public Room

16.00/Lucky Friday

Вино, мезе, дружење, муабети ~
Вашата омилена сорта од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте за вашето друштво…
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-jha5L
078 250 554
contact@publicroom.org

Public Room

22.00/Showroom: Mary Poppins Quartet

Вечер посветена на уживање во најдоброто од филмска музика! Because classics is classy ~

Настапуваат Ерна Шукри- виолина, Билјана Весковска- виолина, Љупка Манчевска- чело, Марта Маркоска- перкусии.

Затворете ги очите и слушајте!
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-saso-popovski-trio-Y0Ftu
078 250 554
contact@publicroom.org 

Сабота 29.4.2017

МНТ

17.00/Мајсторот и Маргарита

Режисер: Иван Поповски
Мајсторот — Дејан Лилиќ
Маргарита — Драгана Костадиновска
Воланд/Афраниј — Никола Ристановски
Понтиј Пилат — Јордан Симонов/Алтернација-Гораст Цветковски
Иван Николаевич — Бездомни — Сашко Коцев
Каровјев — Оливер Митковски
Мачорот Ханс Бехемот — Петар Мирчевски
Азазело — Ѓорѓи Јолевски
Хела — Ана Стојановска и други

Public Room 

19.30/Славниот Фредерик Бегбеде во Скопје

Фредерик Бегбеде – еден од најпознатите писатели во светот – гостин на ТРИ!

Фредерик Бегбеде, еден од најпопуларните претставници на француската и европска книжевна сцена, автор на романите „399“, „Љубовта трае три години“, „Романтичен егоист“, ќе го посети Скопје по покана од својот македонски издавач, Издавачкиот центар ТРИ. „Лошото момче“ на француската книжевност доаѓа да го промовира својот последен роман преведен на македонски јазик, „Уна и Селинџер“, но и да ја запознае својата многубројна публика во Македонија.

Кинотека на Македонија 

20.00/ Swedish Film: Avalon

The Embassy of Sweden in Skopje, in cooperation with Kinoteka, would like to invite you to two screenings of the Award winning Swedish Film “Avalon”, on April 29 and May 4, 2017 at 20:00 hours at Kinoteka.

Free entrance!

NOTE you will need to reserve your tickets at Kinoteka at 02/3065968

Public Room

21.00/Rakija Night #2

Дуња. Кајсија. Мезе. Уживање. Април. Сабота. Отворено небо. Оуштање.

Резеврирајте си простор за мезе и дружење~
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/rakija-night-1-yykIc
078 250 554
contact@publicroom.org

Недела 30.4.2017

МКЦ

12.00/ Денес се е џез! 

Деветчасовен целодневен џез хепенинг под отворено небо.

На 30 април, по повод Интернационалниот ден на џезот, пред платото на МКЦ со почеток во 12 часот, за прв пат ќе се одржи манифестацијата под наслов Today it’s all about jazz! (Денес сѐ е џез!).

Станува збор за деветчасовен џез хепенинг со кој Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, се вклучува во мрежата на светски организации кои го одбележуваат овој ден за што има и официјална потврда од страна на Телониус Монк Институтот за Џез.