Што и да е, не е твоја работа!

Многу често жените добиваат многу незгодни и непријатни прашања кои прават тие да се чувствуваат лошо и непријатно, наместо непријатно да се чувствува оној кој ги поставил.

Се стремиме да бидеме подобро и почовечно општество, па затоа има прашања кои никогаш не треба да и ги поставите на една жена.

Да ја прашуваш зошто се здебелила

Можеби сака да јаде, можеби е среќна со таа килажа. Можеби има проблем со хормоните, можеби има некаков дисбаланс или проблем со тироидната жлезда. Што и да е, не е твоја работа.

Да ја прашуваш зошто вежба кога е слаба како гранка

Можеби тоа е нејзин филтер на негативна енергија за да побегне од лошиот ден и од себе. Можеби трча за да заборави на лоши работи. Можеби сака да биде здрава. Можеби ужива во тоа и трча без причина. Што и да е, не е твоја работа.

Да ја прашуваш колку заработува

Парите не се репер за ништо и не знаеш колку се мачи на работа. Со нејзината плата не ги плаќаш твоите сметки и не пазаруваш, па затоа, колку и да заработува, не е твоја работа.

Да ја прашуваш зошто е сама

Затоа што можеби одбрала да биде сама. Можеби го чека правиот. Можеби уште закрепнува од последното скршено срце. Можеби веќе и е доволно тешко и се плаши дека нема да го најде вистинскиот. Можеби во глава и се вратат 100 слични прашања. Што и да е, не е твоја работа.

Да ја прашуваш зошто се развела

Затоа што ниту ти, ниту пак другите знаат што се случува зад вратите на нечиј дом. А ѕидовите не зборуваат, па ти можеш само да погодуваш, осудуваш, жалиш, осудуваш и проценуваш. Да велиш: „Го остави, а тој и даде се“. Да велиш дека е курва или распуштеница. А ти не си личноста на која таа треба да и го отвори своето срце и да одговара зошто, пособено поради тоа што позади разводот никогаш не стои само едно „затоа што“ и само една вистина. Што и да е, не е твоја работа.

Да ја прашуваш зошто досега не родила дете

Можеби не сака. Можеби сака, а не може. Можеби веќе телото и е исцрпено од обиди, терапии, стравови и надежи. Можеби мисли дека се уште не и е дојдено времето. Можеби не се чувствува подготвено, можеби се плаши дека нема да биде добра мајка, можеби се случило нешто лошо па сака да почека. Што и да е, не е твоја работа.

Да ја прашуваш кога ќе роди второ дете

Можеби не сака второ дете. Можеби едвај го родила и првото. Можеби имала операција и не може пак да остане трудна, а ти тоа не го знаеш, а и не треба да го знаеш. Што и да е, не е воја работа.

Да ја прашуваш каде е маж и кога ќе ја видиш излезена со другарките

Па сигурно не го чува во џеб. Бракот не е ланец. Ниту патолошка љубомора, ниту пак кафез. Бракот не е шпионажа. Каде и да е маж и, не е твоја работа.

Да ја прашуваш „Зошто си сама?“ кога ќе ја видиш сама во парк, во кафуле, ресторан и слично

Знаеш, има луѓе кои имаат потреба да бидат сами. Можеби немала со кого да излезе па излегла сама, можеби сакала да биде сама со себе и да си чита книга на раат. Што и да е, не е твоја работа.

И знај...

Се додека со неа не го делиш станот, трошоците, лебот, кредити, грижа за деца и родители, се додека нејзиниот стомак, задник, матка и јајници не ги носиш на твоите коски, се додека од твоите очи не теча нејзините солзи, се додека твоите раце не го трпат товарот на нејзините раце или се додека во твојата глава не се наоѓаат нејзините грижи – немаш право да ја прашуваш за ниту една од овие работи.