Што говори за вас виното кое го пиете?

Уште еден долг и стресен ден. Доаѓате дома, ги фрлате работите, ги спуштате ролетните и си ставате чаша вино. Зарем тоа не е еден од најдобрите начини за да се опуштите, заборавите, но и да се подготвите за новиот ден? Впрочем, пиењето вино е и стил на живот. А, велат и дека во виното е вистината.

Но, што говорои за вас виното кое што го пиете?

Sauvignon Blanc

Ова е едена од најпознатите сорти вино која има спефицичен фкус, остар и провокативен мирис. Дали веќе се пронаоѓате во овие епитети. Како и ова вино, вие не можете да бидете незабележани. Секогаш сте во центарот на внимание, дури и кога не го сакате тоа бидејќи имате посебна енергија на која никој не може да остане рамнодушен. Сакате да го имате главниот збор, не се плашите од улогата на лидер, а сакате и живот како бајка – раскошен и гламорозен.

Pinot Grigio

Ова лесно и свежо вино со неодолива нота на цитрус е како создадено за исклучување од реалноста. Ако го сакате, вие живеете во својот свет, далеку од реалноста и сакате да сонувате. Највеќе уживате во тоа да бидете сами со својата сакана личност. Сакате да се дружите, но само со одбрани луѓе и не дозволувате другите лесно да ви се приближат. Вашето внимание и друштво треба да бидат заслужени бидејќи знаете колку вредите и колку сте посебни.

Chardonany

Едно од најпознатите француски вина е наменето за софистицирани личности кои точно знаат што сакаат, но и како да го постигнат тоа. За вас не постои нерешлива задача, безизлезна ситуација или пак проблем – смели сте и подготвени на многу нешта, а тоа што би го виделе како потешкотија, за вас е предизвик. Вие едноставно знаете да уживате во животот, а и секој би сакал макар на ден да биде како вас.

Rose

Иако овој вид вино го сакаат многу луѓе, сепак најчесто е избрано од хедонисти кои до максиум уживаат во животот според правилото „Carpe Diem”. Сите се прашуваат од каде толкава инспирација и енергија секој ден да го живеете како авантуристи и да уживате целосно во животот.

Pinot Noir

Црните вина се сметаат за класика, а истото важи и за вас. Вие не сте старомодни, но ги негувате важните и традиционални вредности. Шармантни сте, дружељубиви и романтични, а да се биде дел од вашето друштво е вистинска привилегија. Лесно ги освојувате луѓето, љубезни сте и популарни и добрата забава е секогаш загарантирана за вас.

Merlot

Едно од најпознатите вина е омилено на оние кои сакаат да играат на сигурно. Не сакате премногу експерименти и ризици – сигурноста ви е на прво место, а во иста мера ги цените и удобноста и можноста да се чувствувате пријатно. Далеку од тоа дека не сакате да уживате, да се опуштате  и забавувате. Само вие тоа го правите поинаку – по свои правила.

Champagne

Ако некој сака  романтика, го сака Париз и сака бајки –тоа сте вие. На својот живот гледате како на бајка и постојано сте во потрага по вистинската личност. Големо дете сте во душа, но и огромен пријател кој секогаш е тука за да помогне. Вистинско задоволство е да се биде во ваше друштво.