Што е заедничко за сите среќни и успешни врски?

Велат дека среќата кај сите луѓе е слична, но дека секоја несреќа е различна. Среќата во врските не зависи од бројот на постирани среќни фотографии на социјалните мрежи, таа е многу повеќе од тоа.

Овие  3 фактори се заеднички за сите среќни врски.

Задоволувачки сексуален живот

Често, сексот е на прво место во многу љубовни врски. Задоволувачкиот сексуален живот не е толку поврзан со тоа колку често двојките имаат секс, туку повеќе со квалитетот на чинот. Физичката интима со која се поврзуваат двајцата партнери потврдува дека тие се складни и дека меѓу нив постои жар и страст. Сексот не може да ја одржи врската, но може да ја оживее и да ја направи многу поубава.

Блискост

Често велиме дека пријателството е основата на љубовта. Како што еден однос не е комплетен без сексот, така не е целосен ниту без чувството на длабоко и цврсто пријателство. По некое време поминато заедно, партнерите стануваат најдобри пријатели кои ги споделуваат сите важни моменти од својот живот. Минуваат низ убави мигови, но и кризи и тешки моменти. Сето тоа ја јакне и зацврстува врската.

Заеднички интереси

Велат спротивностите се привлекуваат, но не се согласуваме целосно дека тоа е така. Доколку двојките не споделуваат заеднички интереси, тие многу малку ќе се поврзат меѓу себе. Ако сакаат да испијат чаша вино за вечерата, тие градат убав ритуал за тоа. Ако сакаат да одат на планина, така и повеќе се поврзуваат во своето слободно време. Заедничките интереси се многу важен фактор кој влијае на квалитетот на врската.