Што е тоа што се променило во тебе?

Во последно време си молчалива. Променета. Другите можеби и не го забележуваат тоа. Но, ти знаеш. Сѐ почесто носиш балетанки. Штиклите ги оставаш за посебни прилики, ретко за целодневно носење. Одамна научи дека убавото и привлечното не е секогаш она што е тесно или кратко, скапо или брендирано. Кога се враќаш одмор не си целата изгорена, затоа што не дозволуваш да ти се случи тоа во упорните обиди да добиеш тен. 

Носиш бикини не размислувајќи за целуитот. Па сите жени го имаат. Не го вовлекуваш стомакот кога стануваш од лежалка и одиш кон морето. Што е – тука е, вовлекувала или не вовлекувала. Кому не му се допаѓа, не мора да гледа. Повеќе не се мачиш со диети. Не се прејадуваш и не гладуваш. Не броиш калории. Знаеш што е здраво и добро за тебе и знаеш дека сѐ додека го слушаш телото и тоа ќе те слуша тебе. И обожаваш кога ќе си купиш меко ќебенце, да го нагрнеш на тебе кога читаш книга. 

Уживаш да правиш чај и уживаш во мирисот на чајот додека  гледаш филм. Не ги читаш до крај книгите кои не ти се допаѓаат, не се мачиш да гледаш филмови само затоа што имаат добри оценки. Ги оставаш за некои други времиња или некоја друга ти. Не фрлаш пари на милион креми. Знаеш дека не помагаат. Имаш една, но вредна, а ефектот е ист. 

На слави и на прослави не те болат образите од извештачено смеење. Не си веќе онаа која секогаш го забавува друштвото и која секогаш ја прекинува непријатната тишина.

Да, ти си променета. 

Тоа не значи дека си се предала себеси.

Тоа значи дека си научила што ти одговара.

Тоа значи дека си научила да се сакаш себеси. 

Доволно за да имаш храброст да направиш разлика. 

Разлика меѓу она што мораш да го правиш и она што ти одговара. А сѐ помалку мораш да правиш нешто. Сега е твое време.