Што е тоа што го нервира најсреќниот човек на светот?

За Мејту Рикард, тибетски будистички монах, се вели дека е најсреќниот човек на светот. Но, дури и најсреќниот човек на светот одвреме-навреме има работи кои не може да ги поднесе. Научниците кои го истражувале и следеле во текот на 12-годишното истражување за медитација и сочувство, на крајот му предизвикувале морници.

Но, Рикард, кој поттекнува од Франција и живее во манастир во Непал, рекол дека титулата најсреќен човек на светот ја смета за апсурдна.

„Јас познавам и посреќни монаси. Навистина.  Апсурдно е ова“. – вели Будистот кој може да медитира и со денови.

Тој толку се измачувал да се справи со вниманието кое го добил откако истражувањето било објавено, што на крај го замолил Далај Лама да се повлече во изолација. Но, тој му рекол на Рикард дека на светот му се потребни неговите насоки. Далај Лама му рекол: „Ако сакаат ти да бидеш најсреќниот човек, биди најсреќниот човек.“

За да дојде до заклучокт дека Рикард навистина е најсреќниот човек на светот, неврологот Ричард Дејвидсон го приклучил монахот на 256 сензори додека тој медитирал. Дејвидсон открил дека мозокот на Рикард произведувал ниво на гама бранови кои се поврзани со свесноста, вниманието, учењето и памтењето – нешто што никогаш досега се нема случено во научната литература.

Скеновите покажале и зголемена активност во левиот префронтален кортекс на мозокот, а тоа му доволува значително поголем капацитет за среќа и намалена наклонетост кон негативност.

И покрај тоа што оваа титула исклучително го нервира, сепак Рикард има опширно пишувано за неговата животна филозофија во книгите „Алтруизам“ „На патот кон просветлување“ и „Среќа“. Тој исто така има објавено неколку фото-книги.

Кога го прашале како другите да бидат среќни, Рикард рекол дека алтруизмот и добродушноста се клучот за среќа. Тренирањето на умот со секојдневно мислење позитивни мисли во континуитет од 15 минути исто така помага. Науката ги поткрепува неговите идеи, бидејќи истражувањето на Дејвидсон покажало дека 20-минутна медитација може да направи човек да се чувствува посреќно.

Тој исто така додал дека споредувањето со другитте е убиец на среќата.