Што е пандемија?

По синоќешната објава на Светската здравствена организација дека глобалната криза од коронавирус прерасна во пандемија, министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук профил појаснува што што значи прогласување на пандемија.

– Пандемска епидемија или пандемија е состојба на ширење на заразна болест на широка територија, повеќе држави или континенти, а особено кога има ширење на поголема територија на нова непозната болест.

Светската Здравствена Организација прогласни Пандемија на новиот корона вирус CoVid-19 и поради фактот дека се работи за нов вид на Корона вирус, како и поради фактот дека е проширено на повеќе континенти.

Пандемијата, согласно CDC има свои 6 фази:

Фаза 1: Интервал на истражување (Investigation Interva)
– Нов тип на вирус е идентификуван и се истражува во животни или луѓе било каде во светот, а за кој што се смета дека може да има влијание на луѓето.

Фаза 2: Интервал на препознавање/идентификување (Recognition Interval)
– Интервал кога се зголемуваат бројот на случаи, или пак кластери на случаи, истите се идентификуваат и се зголемува можноста и ризиокт за пренесување на вирусот од човек на човек

Фаза 3: Иницијален интервал (Initiation Interval)
– Интервал кога се потврдени случаи на вирусот и е потврден преносот од човек на човек.

Фаза 4: Интервал за забрзано ширење (Acceleration Interval)
– Интервал кога вирусот се шири помеѓу населението, односно лицата кои се подложни истиот. Јавно здравствениот систем превзема мерки за намалување на ширењето како штои се затворање на училишта, дава препораки за намалување и сигурна комуникација и слично, а во зависност од вирусот се обезбедува вакцина или антивирална терапија.

Фаза 5: Интервал на опаѓање (Deceleration Interval)
– Интервал кога се забележува константно опаѓање на бројот на заболените лица.

Фаза 6: Интервал на подготовка (Preparation Interval)
– По завршување на Пандемијата, Јавно здравствениот систем го следи трендот и се подготвува за евентуален нов напад од тој висру врз основа на искуствата и научните сознанија, посјанува на ФБ министерот Венко Филипче.