Што е она што те радува?

Што е она што те радува?
Дали знаеш дека среќата се наоѓа во најмалите работи?
Дали му се радуваш на ветерот кој дува?
Дали му се радуваш на дождот кој паѓа?
Дали им се радуваш на снегулките?
Дали му се радуваш на бесконечното небо и прекрасните облаци кои патуваат низ него?
Дали му се радуваш на сонцето кое ни го дава животот?
Кажи ми, каде се наоѓа твојата среќа?
Дали се радуваш наутро кога ќе отвориш очи и кога ќе сфатиш дека си жив?
Дали сфаќаш какво е тоа чудо?
Дали се радуваш, додека не се ни трудиш, а сепак со секоја нова секунда земаш нов здив?
Дали знаеш дека многумина ја немаат таа можност?
Направи листа со сите работи кои не можеш да ги допреш, погледни ја таа листа и кажи ми: Што е она што навистина те радува?