Што да правите кога некој упорно ве нервира?

Кога нешто ни пречи во односот со некоја личност, обично мислиме дека проблемот е во другата личност. Но, за да ја поправиме непријатната ситуација, потребно е да тргнеме од себе. 

Треба да знаеме дека сѐ што нѐ боли или ни пречи е дел од нас самите. Тоа е и причината за тоа како се чувствуваме. Не може да нѐ повреди нешто што го немаме. Почетокот на разрешувањето на кој било конфликт е да си го поставиме прашањето: Што е тоа што е присутно во мене, а оваа личност го извлекува од мене и го фрла на површина преку нашиот однос?

Медитирајте, погледнете во себе и ќе видите дека се работи за некое погрешно уверување кои ви нанесува емоционална болка, нешто што предизвикува чувство на помала вредност, отфрленост, немоќ и слично. Кога ќе дознаете за што се работи, тогаш ослободете се од тоа чувство.

Се работи за погрешни ставови, уверувања, мисли. Кога ќе се прифаќате себеси и ќе се сакате и покрај сѐ, тогаш таа личност со поинаков став нема да ви пречи. Тогаш ќе почнете да разбирате и сочувствувате. Ќе знаете точно на која позиција се наоѓа таа личност, на истата на која сте биле и вие пред да се разбудите од сонот и заблудите. 

Кога ќе почнете да ги гледате луѓето со божествени очи, безусловно, без потреба да ве прифатат, да се сложуваат со вас или да очекувате нешто од нив, тогаш и вашиот однос автоматски ќе се поправи. Соговорникот ќе сака да ве слушне, да ја почувствува вашата енергија...

Сѐ ќе биде на едно повисоко енергетско ниво, односот ќе биде полн со почит и разбирање. На тој начин несакајќи ќе влијаете и на другите, затоа што тие природно ќе се отвораат пред вас. Ќе побараат совет од вас и ќе ве прашаат за мислење. Ете, секогаш сѐ е обратно од она на кое сме навикнале...