Што да јадеме пред вежбање?

Кога станува збор за вежбањето, тоа што го јадеме и пиеме пред тоа е многу важно. Сепак, никој не сака да оди на вежбање без енергијата која ни е потребна за да завршиме една сесија.

Според многу нутриционисти и тренери, тоа што го конзумираме пред вежбањето е клучно за интензитетот на вежбањето, но и опоравувањето после вежбите. Тие се сложуваат дека важно е да се конзумираат јагленохидрати, како овошје, јогурт, целозрнат леб и мали количини на протеин. Тоа е важно бидејќи јагленохидратите служат како енергија за мускулите и ни  се примарниот извор на енергија, бидејќи се претвораат во гликоза. Сепак, треба да имаме предвид дека колку повеќе ги користиме нашите мускули, толку повеќе јагленохидрати ќе ни бидат потребни претходно.

Протеините се важни бидејќи по вежбањето тие му овозможуваат на телото да ги обнови и обликува мускулите. Тие исто така му помагаат на нашето тело да произедува амино киселини кои се важни за соодветно функционирање на мускулите, што значи дека тие му носат бенефити на телото за време, но и по вежбањето.

Важна е и хидратацијата, со оглед на тоа дека губиме течности бидејќи се потиме за време на вежбањето. Затоа, пиењето вода не е важно само во текот на вежбањето, туку и во тек на него.

Доколку не можете да отидете на утринско вежбање без да се напиете кафе, тоа и не е толку лошо. Според многу експерти, кофеинот ги подобрува нашите физички перформанси. Но, треба да бидеме внимателни во попладневните часови, бидејќи тоа може да влијае на нашиот сон.

Оброци кои можеме да ги подготвиме пред вежбањето:

 - овесни снегулки со боровинки

 - путер од кикирики со целозрнаст леб

 - јогурт со овошје

За да се избегне падот на притисокот кој се случува по јадењето, експертите препорачуваат да јадеме 2 часа пред вежбањето. Тоа го максимизира напорот и го намалува ризикот од проблеми со стомакот и желудникот за време на вежбањето.