Штербик прогласен за најдобар ракометар во светот

Чуварот на мрежата на европскиот првак Вардар, Штербик сосема очекувано е избран за најдобар ракометар во светот, во изборот кој го направи ракометниот сајт, „Handball Planet“.

 Искусниот 37-годишен чувар на мрежата на Вардар го предводеше тимот до историската прва титула, европски првак  Вардар, на Ф4 турнирот во Келн.

 Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, а гласаа и повеќе од 100.000 посетители на сајтот. 

Прочитајте што вели Штербик во интервју за СкопјеИнфо.