Шилегов се пофали дека за еден ден поминал 65 километри на електричен тротинет

Деновиве скопскиот градоначалник Петре Шилегов е актуелен на друштвените мрежи бидејќи во неколку наврати се пофали како оди на работа и работни состаноци со својот електричен тротинет.

Тој на Фејсбук им одговори на „хејтерите“:

„За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома …И да, денеска, преку 65 километри. На состаноци, средби. Се може кога се сака. Сакајте го Скопје“.