Шилегов на ФБ: Почит за возачот на автобусот и пожарникарите

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов по пожарот во двокатниот автобус на ЈСП Скопје на својот Фејсбук профил изрази почит до возачот на автобусот за неговата присебност и до Територијалната противпожарна единица за брзата интервенција.

– Најбитно е што немаме ниту еден повреден патник. Возачот Ивица Петрушевски навремено ги евакуирал сите патници и започнал да го гаси пожарот со ПП апаратите. Пожарната пристигна за помалку од 5 минути. Пожарот е изгаснат. Почит за возачот и пожарникарите, напиша Шилегов на својот Фб профил.