Шилегов: Гостите од другите градови нека користат јавен превоз

На граѓаните кои со возила доаѓаат од другите градови во Скопје ќе им биде овозможено да ги паркираат на паркинзи на влезот од градот и потоа да користат градски превоз.

-Тоа во никој случај не значи дека ќе им се забрани со нив да влегуваат во главниот град, рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Вели дека претходните информации дека ќе се забрани влез во Скопје на возила од другите градови не биле точни, но сепак граѓаните кои не живеат во Скопје им се порачува автомобилот да го остават надвор од главниот град.

– Park and Ride e систем кој е на доброволна основа и нема намера да стопира влез со возила во Скопје за граѓаните од другите градови. Скопје како што доликува на европските метроли, на граѓаните кои доаѓаат од другите градови, а дневно влегуваат и по 40 илјади автомобили, да им понудиме можност тие да ги остават на влезот во Скопје и да ги користат услугите на јавниот транспорт, рече Шилегов.

Ова, рече, е систем кој постои во сите големи нормални европски градови.