Шилегов: Болницата е во совршено добра состојба

- Навистина не знам, дали и колку има човечност и зошто определени “ликови” во дел од политичките структури, упорно се обидуваат да профитираат со политиканство во услови на вонредна состојба.

Драги “душегрижници”, болницата која што заеднички ја подигнаа Министерството за Одбрана, Министерството за Здравство и Град Скопје, како што гледате е во совршено добра состојба. Денес се зацврстија и последните два шатори (така помпезно опишани дека пропаднале), се прави приклучокот на електрична енергија и ќе биде пуштено и греењето.

Искрено се надевам дека нема да има потреба да се користисти овој капацитет.

Што се однесува до Вашата “човечност” и политикантство, сакам да верувам дека правевте првоаприлска шега со слики и констатации од 7 часот утрово.

Ако не Ви било шега, тогаш тоа повеќе зборува за Вас, какви “луѓе” сте Вие всушност.

Јас лично, на секого од Вас, без оглед кои сте и какви сте (како луѓе), Ви посакувам добро здравје - напиша Шилегов на социјалните мрежи по денешните објави од граѓани дека полската болница може да падне од натрупаниот снег врз неа.