Шилегов бара трпение од возачите - улиците ќе бидат раскопани цело лето

Играта на нерви за возачите продолжува до крајот на август. По бројните реакции на скопјани за секојдневниот метеж, градоночалникот Шилегов вели морало сега да почнат со реконструкција на повеќе локации. Колони автомобили преку целиот ден има на речиси сите главни крстосници. За да се мине еден километар со автомобил потребни се дури и по десетина минути.

Се уште не е завршен булеварот „Партизански одреди“ ниту мостот „Гоце Делчев“ а локалната власт затвори дел од булеварот „Кочо Рацин“. Реконструкцијата ќе трае во следните 40 дена. До тогаш Шилегов очекува да заврши  реконструкцијата и на останатите започнати булеварите во централното подрачје.

„ Свесен сум дека на многу точки се работи но беше неопходно. Секој булевар го завршуваме во рекордни рокови .900 м кочо рацин двете големи раскрсници .Да, ќе предизвика определен застој но тоа ќе значи дека ќе биде побезбеден  за сообраќај, пешаци , велосипедистите. 1 месец гужви не се ништо визави тоа што ќе добиеме како безбедност. Во зависност од интезитетот се ангажира и бр на работници. На „Гоце Делчев“ако поминете сега нема работник бидејќи таму работите  се завршени и е процес на зреење на материјалот. Но, ако поминете на „Партизанска“ ќе видите машини и луѓе се влезенеи во технолошкот процес.

Отежнато е и користењето на јавниот превоз бидејќи  автобусот не може да застане на постојка на овие булевари . Поради сообраќаен режим, автобусите се принудени и да ги менуваат линиите на движење.