Шилегов: Ако сакате празнична атмосфера за Божиќ сменете го датумот

Изјавата на градоначалникот Петре Шилегов, на прашањето на „Слободен печат“ зошто новогодишната програма завршува пред Божиќ, каде ја повикува МПЦ да го смени календарот, за Божиќ да се слави „како во сиот свет“ наиде на остри реакции во јавноста.

Денеска, прашан дали е сериозен во врска со изјавата, тој рече дека останува на ставот, дека е нелогично што само Македонија, Србија и Русија слават Божиќ на 7 Јануари.

– Мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има Божиќен пост, а да се слави Нова година, останува Шилегов на неговиот став.