Шиколе: Со новиот клинички центар ќе бидеме во состојба на пациентите да им пружиме врвна нега

Со години го чекавме овој проект. Она што беше презентирано пред нас е последно достигнување на медицинската архитектуира.

Плановите даваат сигурност дека ќе продолжиме да работиме во современо здание, каде ќе бидеме во состојба на нашите пациенти да им пружиме врвна нега, лекување и дијагностика каква што заслужуваат, изјави Александар Шиколе, директор на клиниката за нефрологија по веста за стартувањето на изградбата на новиот клинички центар.

-Не е доволно да се има само кадар и современа опрема што беше набавена во изминативе години од Владата и Министерството за здравство, важно е и во кои услови ќе се стават во функција – во инфраструктура што ќе ги акцентира тие фактори и ќе се комплетираат условите за современо медицинско работење, истакна Шиколе во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.