Шест совршени истегнувања за оние кои постојано седат

Ако сте врзани за канцелариското столче, сте патувале или сте седеле по цели денови, тогаш време е да ги истегнете тетивите лоцирани токму под коленото.

Ова се 5-те лесни и навистина важни истегнувања наменети за задниот дел на вашите нозе:

1. Освен за тетивите зад коленото, оваа вежба е одлична и за релаксирање на згрчениот врат.

Застанете со нозете оддалечени колку што ви се широки колковите. Поставете ги рацете зад грбот и виткајте се во пределот на половината, одржувајќи ги нозете прави, виткајќи ја брадата и поставувајќи ги рацете над главата.

Ослободете го задниот дел од вратот и ако истегнувањето ви е премногу интензивно, ослободете ги и рацете, така што ќе ги поставите  на задниот дел од бутовите и притоа ќе ги опуштите колената. Издржете 30 секунди и потоа вратете се во нормална позиција на стоење.

2. Вежба може да ја правите секаде и е безбедна за повреден грб.

Застанете со споени нозе. Испружете ја десната нога нанапред и виткајте се во колковите, одржувајќи го грбот и нозете прави. По 30 секунди, променете ја страната.

3. Ако претходните истегнувања не ви беа доволни, тогаш оваа варијација би требало да биде. Совршена е за завршување на тренинг со трчање.

Кренете ја ногата и поставете ја на подлога, но таа треба да биде малку пониска од вашите колкови. Одличен пример се столовите или клупите. Поставете ги рацете на коленото и притискајте надолу што е можно повеќе.  За да ја зголемите тежината, свиткајте се во колковите и држете 30 секунди. Потоа, повторете го истото со другата нога.

4. Ова обично истегнување е совршено за нозете и е одлично за оние со навистина затегнати тетиви под колената.

Седнете на подот и исправете ја левата нога. Свиткајте го десното колено така што ѓонот од десната нога се наоѓа паралелно со вашиот лев колк. Потоа свиткајте ја левата нога, така што грбот ви е исправен. 30 секунди држете така и потоа променете ја ногата.

5. Оваа вежба е наменета за тетивите зад коленото, но и за долниот дел од грбот.

Седнете на подот со исправени нозе. Виткајте ја половината над бутовите и притоа нежно виткајте го грбот така што нозете сепак ви се прави. Задржете 30 секунди и потоа станете.

6. Еве начин како да ја истегнете едната тетива, па другата:

Легнете на грб. Колку што можете повисоко, подигнете ја левата нога без да ја подигнувате карлицата. Држете го бутот кој не е кренат и движете ја кренатата нога кон вашата глава. Истегнете го стапалото за да ги истегнете листовите.

За да ги отежните работите, поставете простирка за јога на зглобот од ногата и користете ги рацете за да ја повлечете кон вас. Штом поминат 30 секунди, променете ја ногата.