Шест дена времен сообраќаен режим на улица во Аеродром

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека поради дотур на градежни материјали за објект во изградба на улица Новопроектирана бр.5, населба Аеродром, од вчера 14.12.2017 година (четврток), па се до 20.12.2017 (среда) во временски период од 12 часот напладне до 16 часот попладне (секојдневно), на овој потег ќе биде воведен времен сообраќаен режим, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат винаметелни, да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.