Серија регистрирани земјотреси, последниот пред 20 минути

Серија земјотреси регистираше европско - медитеранскиот сеизмолошки центар. Според информациите објавени на официјалната веб страна последниот е регистиран пред само десетина минута со јачина од 4.2 степени епицентар во Јадранското море.

На последниот потрес му претходеа серија од неколку земјотреси од кој насилниот беше на 6 минути пред 4 часот со магнитуда од 6.4 степени и 9 минути подоцна со јачина од 5.4 степени. 

Според официјалните информации магнитудата на останатите потреси е околу 4 степени. 

Медиумите во Албанија јавуваат дека веќе се регистирани првите штети од земјотресот, а граѓаните на Република Македонија утрово на социјалните мрежи ги споделуваат импресиите измешани со паника и немир од потресот кој ги разбуди. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on