Сергеј Четковиќ: Бевте супер „СУПЕР СКОПЈЕ“ (видео)

Сакам да им се заблагодарам на прекрасните луѓе од Скопје за овој прекрасен концерт и прекрасна вечер. Се надевам дека нема да поминат уште 4 години за да се дружиме повторно и се гледаме наскоро.

Бевте супер СУПЕР СКОПЈЕ, истакна Сергеј Четковиќ по спектакуларниот концерт, со кој и официјално вчера вечерта започна големата летна забава „Супер Скопје“.

 

 

Кафулињата и просторот на Кеј 13 Ноември беа преполни со љубители на музиката на феноменалниот Четковиќ кои се забавуваше со илјадниците присутни до раните утрински часови.