Семејствата на загинати припадници на вооружените сили на бесплатно летување во Охрид

Околу 120 деца и членови на семејствата на загинати припадници на вооружените сили во два термина и оваа година престојуваа во одморалиштетот на МВР во Охрид.  

Како што соопштија од МВР, по тој повод вчера била органзирана заедничка вечера на која што присуствувале и претставници на раководството на Министерството, во чест на гостите кои што се традиционални посетители на полициското одморалиште неколку години наназад.

Во име на министерот Спасовски присутните ги поздрави Тони Ангеловски, портпарол на МВР, порачувајќи им дека тие со полно право го имаат третманот на почесни гости со кои, меѓу другото, заедно се споделува споменот и сеќавањата на колегите.