Сектор 909 за Скопје Зоо

На 21ви јуни Сектор 909 по две години пауза, повторно ќе ги отвори вратите за својата публика. Како што наложува традицијата, отворањето е со хуманитарна забава за Скопската зоолошка градина.

Досега беше донирано коњчето Флекица, дресирано за помош и релаксација на аутистични деца, а веќе наредната година беше донирана и опрема за децата да можат комплетно да уживаат.

Сектор 909 ветува дека ќе ја промени моменталната енергетска состоја и ве покануваат да уживате во квалитетот на звукот и светлото какви не се паметат во историјата на скопскиот ноќен живот.