Секс-поза која ја обожаваат 89% од мажите

Која е таа поза која на мажите им дава фантастичен поглед и слободен пристап до сите врели точки на женското тело? Веќе можете да претпоставите, тоа е доги стилот.

Сигурно сме дека нема машко кое не ја сака оваа поза, а повеќето од нив, не само што ја сакаат, туку и ја обожаваат. Нивната број 1 поза е на високо место и на листата на омилени пози кај дамите. Не само што пенетрацијата во оваа положба е подлабока, туку е и идеална за стимулација на Г-точките, а остава и слободен пристап до клиторисот. Накратко, нема причина да не ја сакате!

Зошто е толку возбудлива за мажите?

Сексуалните терапевти велат дека причината што мажите толку ја сакаат оваа поза е во фактот дека таа им овозможува набљудување на навлегувањето и излегувањето на пенисот, што во другите пози е тешко изводливо. И покрај тоа што жените често не се задоволни со изгледот на својата задница, во оваа положба таа на мажите им изгледа фантастично! Во ваква свиткана положба, задникот изгледа мазен и затегнат, а недостатоците како целулитот и стриите исчезнуваат од видното поле на мажите. Освен тоа, кога девојката е на сите четири екстремитети, вагината се стеснува, што овозможува повеќе триење и уште посилен интензитет на задоволството.

Зошто е толку возбудлива за жените?

Оваа положба е една од најдобрите за доживување на женскиот оргазам, велат сексолозите. Ова е така најмногу заради тоа што пристапот до клиторисот е непопречен, па партнерот може дополнително да ја стимулира или девојката тоа да го прави сама. Кога е задникот подигнат, Г-точката го добива целото внимание кое што ѝ е потребно. Пробајте го овој трик кој ќе ви донесе повеќекратни воздишки: спуштете ги градите на креветот за пенисот да има директен контакт со Г-точката. Зголемете го интензитетот на задоволството така што ќе се движите во кругови во правецот на стрелките на часовникот и ќе ги стегате карличните мускули.

Доги стил трикови

Со мала промена на аголот на пенетрација може да ви се отворат сосема нови видици на задоволството. Девојката нека се испружи целосно на креветот – не мора да биде на двете раце и двете нозе, а тој нека легне врз неа. Исто така, таа може да застане со испружени нозе и да го свие грбот потпирајќи се со рацете на наслонот на столицата, а тој може да ја зграби одзади, силно држејќи ја за колковите.