Седум намирници кои го јакнат здравјето на секој организам

Здравите оброци се полни со хранливи материи, кои имаат широк спектар на дејство врз здравјето во целина.

Житарки

Идеални се за појадок, најдобро е да се варат во млеко, не во вода. Го намалуваат шеќерот во крвта.

 Спанаќ

Голем извор на железо, калциум и витамини А и Ц. Одличен за коските и мозочната сила.

 Лосос

Содржи омега 3 масти, го спречува ризикот од срцеви заболувања. Го поправа расположението и го спречува губењето на помнењето.

Јогурт

Извор на протеини.

Сладок компир

Содржи витамини Б, Ц и E. Добро делува на нервниот систем.

Боровинки

Полни со витамини, минерали и антиоксиданти, можат да помогнат во изострување на памтењето, исто така спречуваат некои видови на рак.

Авокадо

Единствено овошје кое поседува масти кои го намалуваат високиот холестерол. Тој е извор на влакна, а познато е дека ја спречува опстипацијата. Содржи витамин Е, за кој научниците сметаат дека помага во спречување на рак.