„Седи дома со Милчо“: Сите филмови на режисерот на МТВ како поддршка за вонредните мерки

Сите филмови македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе се прикажуваат на Македонската радиотелевизија (МРТ). Манчевски преку „Фејсбук“ го најави својот придонес и поддршка на вонредните мерки против ширењето на коронавирусот.

И дома е убаво со Пред дождот. Утре во 22ч. Пред дождот на МРТВ. Сите филмови на Манчевски на МРТВ како поддршка на вонредните мерки.
В недела Мајки.
Наредниот викенд Сенки и Бикини Мун.
#Седидома со Милчо, порача режисерот.