Седењето на Фејсбук поевтино од дискотека во Скопје

Метрополата со речиси 1.000.000 жители располага со дискотеки и ноќни клубови кои едвај можат да се избројат на две раце.

Причините зошто е замрен ноќниот живот во Скопје се многубројни: понудата е слаба, младите немаат доволно пари за трошење и времето го поминуваат на социјалните мрежи. 

-Во деведесеттите во Скопје се излегуваше од вторник до недела, за разлика од сега, кога излегувањето се сведува само на сабота. Останатите денови се мртви, вели скопјанецот Тони.

За една од главните причини поради тоа што помалку млади излегуваат во последниве години е тоа што забавувањето не е евтино.

-  Пред десетина години не постоеше ваква разлика во класите. Денес комплексот е голем за разлика од минатото. Денес младите собираат пари за да можат во сабота да нарачаат шише и да бидат видени седнати на сепаре. Денеска во Скопје ноќниот живот во среда, четврток и во петок се базира на студентите од внатрешноста на државата, но и тоа донекаде е среќна околност - вели Ристе од Влае.

Тој што има пари не излегува во Скопје.

-Поевтино ќе го чини да се качи на авион и да отпатува на еден викенд во Милано или во Барселона. Верувајте дека истите пари ќе ги потрошите и тука ако излезете преку викенд,  вели Владо од Тафталиџе.

За една од главните причини поради тоа што помалку млади излегуваат во последниве години е тоа што забавувањето не е евтино.За да си поминете една убава вечер во Скопје, потребни се 3.000 денари, а тоа и не е воопшто малку.

-До пред десетина години имаше пари и се излегуваше, имаше луѓе по дискотеките. Сега гледате и самите што се случува во нашиот главен град. Но, и социјалните мрежи си го направија своето  Денеска ако сакате да фатите девојка, не мора да излезете во дискотека затоа што многу полесно е тоа да го направите на „Фејсбук“, вели Игор од Киела Вода.