Се уште демне заканата од мали сипаници, особено во Скопје

Нови два случаи со морбили во Македонија, информираат од Центарот за јавно здравје. Минатата недела дијагностицирани се малите сипаници кај дете од Косово за кое било побарано лекарска помош во една од нашите здраствени установи, како и кај 30 годишна жена од Чаир.

Постои сомнеж дека е заразено и 13 месечно бебе од Шуто Оризари. Од појавата на првиот случај пред недколку месеци морбилите заразаија вкупно 11 деца.

За да кажеме дека се повлекува епидемијата во областа Кванташка депонија, каде што беа евидентирани овие случаи, треба да поминат 21 ден од појавата на последниот случај, а за да се каже дека има колективен имунитет, треба да се вакцинирани 95 отсто од оние кои што треба да ја примат оваа вакцина. Но и натаму треба да останеме претпазливи, велат од Центарот за јавно здравје.

Има многу причини зошто толку се зборува за морбилите и зошто треба да се плашиме од нив. Малите сипаници може многу лесно да се пребродат, но може да бидат и фатални кај оние кои што имаат намален имунитет, доколку предизвикаат воспаление со сериозни компликации.

Се шират преку директен контакт по воздухот, преку кивање и кашлица, па затоа лесно се пренесуваат. Меѓу другото, вирусот е активен и по два часа на инфицираните површини.

Првите знаци на инфекција се висока температура, сува кашлица, и останати симптоми на настинка. Како втора фаза се јавува осип по горниот дел од телото, а потоа и по целото тело.
Ако не се лекува навремено, морбилите може да предизвикаат морбилиозен енцефалитис, односно воспаление на мозокот.

Надлежните прават пресметки според процентот на деца кои треба да се вакцинираат, но не се задоволни од досегашните резултати. Апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца на време, за да се спречи ширење на болеста, но голем број родители ги избегнуваат овие вакцини поради тоа што се исплашени од информациите од антивакциналните кампањи кои што прикажуваат дека овие вакцини предизвикуваат тешки болести, па дури и аутизам.