Се уредува зелениот појас на булевар „Србија“

На булевар „Србија“ периодов екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ етапно извршуваат подигање и уредување на ново зеленило на јавни површини и реконструкција на јавно зеленило оштетено при вршење на комунални инфраструктурни објекти.

Поточно, на потег од кружниот тек кај Цементара сè до улица „Христо Татaрчев“ се извршија активности на реконструкција и уредување на булеварското зеленило.

Уредување и зазеленување со поставување на систем капка по капка се изврши на зеленилото на кружниот тек, околу 3.000 квадратни метри странично зеленило, како и булеварска средишна жарадиниера, по што напролет ќе следи и хортикултурно доуредување.

Исто така, екипи од секторот „Подигање зеленило“ работат  и на локации на улица „Февруарски поход“ и булевар „Трета македонска бригада“.