Се санираат ударните дупки во Аеродром

Општина Аеродром деновиве ги почна редовните активности за санација и асфалтирање на ударните дупки на улиците што се под нејзина надлежност.

Oд Општината соопштија дека акцијата започнала од Стар Аеродром и во претстојниот период ќе ги опфати сите реони од општината, а динамиката со која се врши санацијата зависи од временските услови.

„Нашите служби, покрај редовниот и однапред предвиден континуитет на оваа акција, на терен ќе излегуваат и по пријава за ударни дупки од граѓани. За детектираните локации граѓаните ќе може да нè известат преку официјалните имејл-адреси и профили на социјалните мрежи или директно во Општината“, порача Општина Аеродром.