Се рушат дивоградби во Ѓорче

Според законот градењe градежната инспекција од општината Ѓорче Петров, деновиве започна со реализирање на решенијата за рушење на бесправно изградени огради, настрешници и други помошни објекти од страна на граѓани кои немаат и нити побарале одобрение за градба на истите.

Пред акцијата сите сопственици на дивоградби добија предупредување сами да ги одстранат објектите со што не би плаќале дополнителни трошоци. Во наредниот период инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат редовна контрола и на објектите во градба.