Се подготвува „Paratissima Skopje 2016“

„Paratissima Skopje“ е интернационален саем на современа уметност во сите нејзини облици. Поканети да земат учество се сите креативци од визуелните уметности, дизајнот, филмот, фотографија, моден дизајн, музика, архитекти...

Саемот е наменет за сите уметници кои имаат потреба од промоција без разлика дали се работи за искусни уметници со академски знаење или едноставно ентузијасти и перспективни уметници. Овогодинешниоте трет по ред „Paratissima Skopje“ и ќе се одржи од 10-ти до 12-ти јуни во просториите на МКЦ.

Минатата година беа доделени повеќе награди како „II Ponte di Pietra“ со која Марија Сотировска Богдановска беше испратена во Торино на тамошниот „Paratissima Turin“. Вкупно 106 уметници од 21 земја земаа учество на минатогодишната „Paratissima“. Оваа година на 10 уметници ќе им биде овозможено излагање на италијанската верзија на саемот. Во подготовките за поставката, на пријавените ќе им помагаат неколку куратори, кои се веќе етаблирани уметници од најразлични области. Заминувањето и промоцијата во Торино е одлична прилика со оглед на тоа што саемот таму се одржува повеќе од 10 години и е одлично посетен.