Се ослободуваат тротоарите низ Скопје – МВР во акција, голем број на возила се носат со пајак

Интензивно чистење на центарот на Скопје од неправилно паркирани возила.

Ваква глетка може да затекнете доколку денес ве нанесе пат натаму.

Сообраќајната полиција и денес во акција и голем број на возила се носат со пајак.

Се ослободуваат тротоарите и велосипедските патеки од непрописно паркирани возила и со тоа се овозможува нормално движење.

По реакциите на граѓаните, МВР минатата недела најави зголемени активности а ние им даваме силна поддршка за оваа акција.