Се обележуваат автобуски постојки, се санираат ударни дупки и се реконструираат велосипедски и пешачки патеки

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека екипите на ЈП „Улици и патишта", денеска (16.04.2019г. вторник) ќе работат на обележување автобуски постојки, хоризонтална сигнализација и пешачки премини со ладна пластична смеса, долж булеварот Александар Македонски.

Во моментов работат во близина на крстосницата со улиците 16-та Македонска бригада и Интернационални бригади, а во текот на денот ќе бележат и во близина на Алкалоид, надвозникот Естекада (Дијамант) и во близина на бензинската пумпа кај Индустриска улица .

Eкипите, работат и на реконструкција на коловозот на улица Јустинијан 1 во населба Драчево, санираат голем дел од ударните дупки на главните сообраќајници и булевари во Скопје, како и на финализирање на велосипедско-пешачката патека долж улицата Даме Груев.

Акцијата за одржување на улиците ќе продолжи и понатаму, токму затоа ЦУКС ги известува сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.