Се кастрат гранките на дрворедите во Чаир

Во општина Чаир од вчера до среда се спроведува акција за кастрење на гранките на дрворедите.

Акција се спроведува од крстосницата на улицата “Кемал Сејфула” до крајот на дрворедите на оваа улица и од крстосницата на улицата “Џон Кенеди” до крстосницата на улицата “Втора македонска бригада”.

Како што информира општина Чаир, се кастрат гранки на дрвјата кои го попречуваат јавното осветлување во вечерните часови, особено коловозот и пешачките патеки.

Во соработка со јавните претпријатија “Паркови и зеленило” и “Градски паркинг” во оваа општина се подигаат и преместуваат непрописно паркираните возила на коловозот.