Се кастрат гранки на булевар Илинден

За безбедно и непречено движење на пешаците и велосипедистите, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ги поткаструваат гранките на дрворедите во близина на велосипедските и пешачките патеки на булевар Илинден.

Денес се поткаструваат гранки од крошните на дрвјата на потегот од објектот на „МИДА“ до гимназијата „Орце Николов“.