Се делат дезинфекциски средства за влезовите на зградите во скопските општини

Општина Аеродром ќе дели дезинфекциски средства. Имено, како што соопштуваат од опшината обезбедени биле дезинфекциски средства и држачи за влезовите на станбените згради.

-Сите заинтересирани заедници на станари и управители на станбените згради од денеска можат да се пријават на мејлот odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk каде што треба да остават и телефон за контакт, по што ќе бидат повикани да ги подигнат средствата и држачите од просториите на Општина Аеродром, стои во соопштението.

Ова од општината објаснуваат дека е дел од мерките што ги презема Општина Аеродром за превенција и заштита од КОВИД-19.