Се „чешлаат“ реките во скопско - криволовците на удар

Деновиве, овластени лица од здруженијата на риболовци вршат контроли на реките во скопскиот регион со цел фаќање криволовци. Минатата недела се проверуваше течението на реката Лепенец а деновиве тоа се прави на Треска.

- Деновиве, по дојава на риболовци, извршивме повеќе контроли на Треска, состав Треска - Вардар, и делот од составот до каскада Влае, како локација која ни беше посочена дека е посетена од криволовци со мрежички на трска. За време на контролите, во посоченото време не пронајдовме криволовци, а контролите на оваа локација ќе продолжат со зачестен интензитет се до пронаоѓање и казнување на криволовците - не информираа од риболовното здружение „Рибар 11“, концесионер на рибниот фонд на водите во Скопје.